Куба либре (коктел)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Куба Либре (шпан. Cuba Libre = Слободна Куба) е долг коктел од кола, лимета и рум. Во САД и Канада често jа нарекуваат и „рум и кола“, и понекогаш и не додаваат лимета. Не може со сигурност да се утврди потеклото на пијалокот, иако производителите на рум се натпреваруваат во тоа кој прв го измислил, но се пие е уште од раните 1900-ти.
Некогаш, пред постоењето на кока-кола и пепси-кола, пијалокот се сметал за егзотичен бидејќи се правел од кола ореви и кока.
Подготовка [уреди]
За да направите правилно Куба Либре, наполнете висока чаша со мраз и наполнете ја до пола со кола сок. Во шејкер сипете 2 дози бел рум и сок од пола лимета, додадете малку мраз и протресете. Потоа исцедете ја полека мешавината од шејкерот во чашата, така што да остане „да плива“ над колата.
Понова варијација на Куба Либре е коктелот „Копертон“ кој користи малибу рум (рум со природен екстракт од кокос) и кола со вкус на цреша. Вкусот на пијалокот малку потсетува на мирисот на лосионот за сончање, од таму и името.
