Круме Спасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Круме Спасовски
Животописни податоци
Роден(а)29 август 1946(1946-08-29)(77 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
ПотеклоМакедонија
Жанровинародна музика
Занимањапејач
Период на активност1969-се уште

Круме Спасовски (р. 29 август 1946 година во Скопје) — македонски пејач на народни песни.

Животопис[уреди | уреди извор]

Круме Спасовски е роден на 29 август 1946 година во "Горно коњари" (Скопско). На негова 17 годишна возраст се запишува во играорниот клуб Коста Абрашевиќ во Скопје. Во 1969 година се вработува како соло-пејач на Македонското радио. Тој е познат по песната Чудна жена беше Вера (1974). Тој често настапувал и во дијаспората во: Америка, Австралија, Канада. Со ансамблот "Гоце Делчев" од Скопје има гостувано во Русија заедно со Васка Илиева. Во Австралија има отидено 8 пати, со негови колеги: Атина Апостолова, Виолета Томовска, Никола Бадев. Во 2019 година, во Домот на АРМ, направи концерт по повод 50-години професионална кариера, на концертот гости му беа: Атина Апостолова, Наум Петрески, Зуица Лазова, оркестарот беше под раководство на Милан Завков. Во неговата кариера има издадено неколку албуми со негови авторски песни: Круме Спасовски (1989), Јубилеен албум (2000), албум со Староградски чалгиски песни (2012), Изворни Народни песни (2012), 50-години со песна (2020) и неговиот последен албум "Круме денес, утре и вчера" (2023) и други... Круме е чест учесник на фестивалите: Гоце Фест, Тумба Фест, Лешочки Фолк Фест, Филиграни и други.

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Ах, рани рани 1992
Ферман дојде 2000
Бог да бие Русе 2000
Абер дојде Ајше мори 2005 МТВ
Бог да бие Наумчето 2005 МТВ
Голема риќа ти чинам 2005
Песна за Лазо војвода 2021
Ој месечино новино 2021 Владо Дојчиновски
Ој Еленичице висока планино 2022 Владо Дојчиновски
Еј Заге носам чалгии 2022 Владо Дојчиновски

Настапи на фестивали[уреди | уреди извор]

  • "Елисавета" Фолк Фест Валандово - 1990
  • "Ах рани рани" Гоце Фест - 1992
  • "Засвирете свирачи" Фолк Фест Валандово - 1992
  • "Имам сваќа, азган жена Тумба Фест - 1999
  • "Фидан македонски" Фолк Фест Валандово - 2001
  • "Еј младост" Гоце Фест - 2002
  • "Помни за навек" Гоце Фест - 2003
  • "Една книга" Тетовски Фолк Фест - 2004
  • "Еден народ сме" Гоце Фест - (2007),
  • "Судбини запишани" Лешочки Фолк Фест - 2010
  • "Прељуба" Лешочки Фолк Фест - 2011
  • "Јас и боемите" Фолк Фест Валандово - 2011
  • "Стариот амбар" Лешочки Фолк Фест - 2012
  • "Благослови ме" Филиграни - 2012
  • "Душата ја чистам" Лешочки Фолк Фест - 2014
  • "Кажи, не лажи" Лешочки Фолк Фест - 2015
  • "Кичице бујна лободо" Етно Фест - 2015
  • "Нека пројде Велигден" Филиграни - 2015
  • "Бели рози" Лешочки Фолк Фест - 2016
  • "Маченик за Македонија" Гоце Фест - 2017
  • "Солза печалбарска" Лешочки Фолк Фест - 2019
  • "Само за тебе" Гоце Фест - 2020
  • "За првиче" Лешочки Фолк Фест - 2020
  • "Баксуз" Тумба Фест - 2020
  • "Со мир и песна ќе победиме" Гоце Фест - 2021
  • "Станке лична терзике" Лешочки Фолк Фест" - 2021
  • "Еј животе" Гоце Фест - 2023
  • "Куку Леле Туго Мене" Тумба Фест - 2023
  • "Божја искра" Лешочки Фолк Фест - 2023
  • "Голем Македонец" Гоце Фест - 2024

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда на Фестивалот "Гоце Фест" за песната "Ах, рани рани" (1992),
  • Награда за најслушана песна за "Еден народ сме" на Гоце Фест (2008)
  • Награда на Фестивалот "Филиграни" за песната "Благослови ме" прва награда од жирито (2012),
  • Награда за животно дело на Фестивалот "Тумба Фест" (2023),
  • Награда за трајни музички вредност на Фестивалот "Лешочки Фолк Фест (2023),
  • Награда на фестивалот "Гоце Фест" за песната "Роден Македонец" прва награда од публиката (2024).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]