Крикови и шепотења (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Крикови и шепотења“ (шведски: Viskningar och rop) е шведски филм од 1972 година, дело на режисерот Ингмар Бергман. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Лив Улман, Хариет Андерсон, Ингрид Тулин, Кари Силван, Ерланд Јозефсон, Хенинг Морицен, Георг Арлин и Андерс Ек. Директор на фотографијата е Свен Никвист, кој за својата камера ја добил наградата „Оскар“,[1] а, исто така, филмот бил номиниран и за „Оскар“ во следниве категории: најдобра костимографија, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобар странски филм.

Long, white dress in a museum
Фустанот на Ингрид Тулин како Карин. Белите фустани на црвена позадина беа клучен мотив во боја во филмот.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот претставува психолошка драма за тешко болната Агнес (ја игра Андерсон), чии две сестри Карин (ја игра Тулин) и Марија (ја игра Улман) ја посетуваат на смртната постела. Сестрите се растргнати помеѓу стравот и надежта дека нивната болна сестра ќе умре. Додека ја чекаат нејзината смрт, полека се откриваат нивните односи, исполнети со меѓусебна нетрпеливост и омраза. Единствено, слугинката Ана (ја игра Силван) е таа која цело време сочувствува со Агнес. На крајот на филмот, по смртта на Агнес, двете сестри се разделуваат со студен тон, при што ја покажуваат својата себичност и нечовечност во односот со Ана, на која воопшто не сакаат да ѝ помогнат, иако таа цели 12 години се грижела за болната Агнес. За спомен на умрената, Ана го зема нејзиниот дневник.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 832, 5 јуни 2014, стр. 18.
  2. Антена, број 832, 5 јуни 2014, стр. 18.