Крајцер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сребрен крајцер кован во 1690 година во Виртемберг.

Крајцер – мала сребрена пара, именувана по двојниот крст (латински: denarius cruciatus) на нејзиниот реверс. Во 13 и 14 век се ковал во Мерано, Тирол и Верона, а од 1477 година и во Хале.

Неговата тежина постепено се намалувала, од 1,69 паднала на 1,06 грама.

Од времето на Марија Терезија до крајот на 19 век крајцерот се ковал од бакар. Како мала метална монета бил во оптек во Германија до 1871 година, а во Автроунгарија до 1892 година.