Краткиот втор живот на Бри Танер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Краткиот втор живот на Бри Танер“  
Краткиот втор живот на бри танер.jpg
Корицата на книгата
Автор Стефани Мајер
Наслов на
оригиналот
The Short Second Life of Bree Tanner
Земја САД
Јазик Англиски
Серијал Самрак
Жанр(ови) Младинско-возрасна, фантазија, хорор
Издавач Atom
Издадена 5 јуни, 2010
Страници Flag of the United States.svg 192

Краткиот втор живот на Бри Танер (англиски: The Short Second Life of Bree Tanner) е попратна новела на серијалот „Самрак“, што допрва треба да излезе од авторката Стефани Мајер. Тоа ќе биде приказна на новородената вампирка, Бри Танер, која се појавува во третиот дел од серијалот, „Помрачување“. Книгата ќе биде напишана од гледна точка на Бри, како контраст на останатиот дел од серијалот кој е напишан од перспектива на протагонистот Бела Свон. Мајер им дозволи на режисерот Дејвид Слејд, сценаристката Мелиса Росенберг и неколку од глумците да прочитаат извадок од приказната за време на продукцијата на „Самрак сагата: Помрачување“.

Резиме[уреди]

Приказната го раскажува животот на Бри Танер и новосоздадените вампири, претворени од страна на Викторија со цел да ја убијат Бела. Бри се спријателува, со некаков љубов интерес кон Диего, друг вампир одгрупата, бидејќи и двајцата се чувствуваат дека се искористени и имаат сомнежи за вистинските намери на нивниот водич, плус нејзината визија е поинаква и понекрвава од другите новородени вампири. Диего мистериозно исчезнува, оставајќи ја Бри дури уште позбунета и недоверлива. За тоа време, Бри се спријателува со Рили, вампир отпадник поради неговите моќи да ослободи ужасна миризба што ги вознемирува другите новородени. Тој ќе ја убеди на Бри да учествува во битката, водејќи ја во ужасен крај во рацете на Волтурите, кој ние го дознаваме преку приказната во „Помрачување“.