Крабата се вбројува во типот на членконоги, во класата ракови и во поткласата виши ракови. Таа е дел од редот десетоноги ракови и од подредот краби. Подредот опфаќа неколку фамилии со над 3 500 видови. Се среќава во поголемиот дел од светот. Живее на карпи, во крајбрежните делови од морето, во слатките води, па дури и на копното. Големината и зависи од видот: оклопот и е широк од 2 до 30 см. Најголема е џиновска краба-пајак од Јапонија и Австралија, со клешти чиј распон надминува 3 метри, а може да тежи до 14 килограми. Животниот век и изнесува од 3 до 12 години.