Корисник:Маја Трајчева/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трансакциска сметка или уште позната како тековна сметка или депозитна сметка е сметка која служи за евидентирање на сите трансакции( уплати и исплати) извршени преку банката.

Трансакциската сметка претставува единствен и неповторлив нумерички податок од 15 цифри кои служат за идентификација на учесниците во платниот промет и истата е пријавена во Единствениот централен регистар на трансакциски сметки. Секое физичко лице може да поседува (отвори) најмалку една денарска и една девизна трансакциска сметка во зависност од своите потреби.[1]

Трансакциските сметки не служат ниту за зработување на камата, ниту за штедење, туку за задоволување на секојдневните потреби за трошење, поради што тие се каматнонеосетливи.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Холандија во раните 1500-ти години, Амстердам претставувал главен трговски и транспортен центар. Луѓето кои се стекнале со големи акумулации на готовина започнале да ги депонираат своите средства кај благајници со цел да го заштитат нивното богатство, а за тоа плаќале одреден надомест. Депонентите за извршените уплати добивале потврда во вид на белешка. Конкуренцијата довела до тоа благајниците да почнат да нудат и дополнителни услуги. Тие можеле да испаќаат големи суми на пари на други лица, доколку имале писмен налог од депонентот.

Овој концепт понатаму се проширил кон другите другите земји, при што во Англија, во седумнаесетиот век сопствениците своето земјиште го ставале под хипоека и врз основа на тоа благаниците им отварале сметки, врз основа на кои тие можеле да пишуваат чекови. Во осумнаесетиот век поради тешкотиите за порамнување на чековите се дал повод за развој и на првите клириншки куќи.[2]

Видови трансакциски сметки[уреди | уреди извор]

Во основа постојат два вида трансакциски сметки: денарски трансакциски сметки и девизни трансакциски сметки.

Денарски трансакциски сметки[уреди | уреди извор]

Денарска трансакциска сметка задолжително поседува секое лице кое врши денарски трансакции преку банка. Денарска трансакциска сметка може да отворат сите физички лица државјани на Република Македонија, како и физички лица странски државјани кои имаат третман на резиденти согласно законската регулатива во Република Македониja а и имаат добиено лична карта за странец-резидент издадена од МВР на РМ.

Денарска трансакциска сметка може да поседуваат и малолетни лица, како и лица на кои им е одземена деловната способност при што барањето за отворање на сметката мора да биде поднесено од нивните законски застапници или старатели согласно законските одредби.

Девизна трансакциска сметка[уреди | уреди извор]

Девизна трансакциска сметка е сметка преку која можат да се вршат трансакции кон странство во странска валута. Девизна трансакциска сметка може да отворат физички лица резиденти и нерезиденти.

Физичко лице резидент девизна трансакциска сметка може да отвори со важечка лична карта или македонски пасош, додека физичко лице нерезидент за да отвори девизна трансакциска сметка потребно е да приложи валиден странски пасош.

Потребни докумети и начин на располагање со средствата[уреди | уреди извор]

При отворање на трансакциска сметка клиентот треба да приложи важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа), како и пополнети „Барање за отворање на трансакциска сметка” и „Апликација/Барање за регистрација на клиент” .

Со средствата од транскациската сметка можете да се раполага преку следните инструменти:

  • потписна картичка – за вршење на готовински уплати и исплати, како и за безготовински пренос на средства на други сметки во банката и сметки во други банки;
  • дебитна картичка– за плаќање на стоки и услуги во трговија како и подигнување на готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата и во странство;
  • чековна картичка и чековни бланкети – за безготовински плаќања на правни и физички лица.

Информација за состојбата на трансакциска сметка и нејзините промени сопственикот може да добие бесплатно на шалтерите на Банката и на интернет преку Е-Банкинг сервисот.

Придобивки од поседувањето трансакциска сметка[уреди | уреди извор]

При отварањето на трансакциска сметка клиентите се здобиваат со следните поволности:

  • Сметка на која можат да примаат плата или други приходи;
  • Користење на интернационaлните дебитни и кредитни картички во земјата и странство;
  • Вршење уплата и исплата во земјата и странство;
  • Плаќање на сметките за комуналии (телефон, струја, вода, парно, кабловска) брзо и едноставно преку електронско банкарство;
  • Аплицирање за кредит или дозволено пречекорување на сметка;
  • Активирање на траен налог за штедење или плаќање.

Дозволено пречекорување[уреди | уреди извор]

Банките одобруваат дозволено пречекорувањe само на трансакциски тековни сметки на кои пристигнуваат редовни месечни приливи од редовен работен однос и надoмeст за пензиско и инвалидско осигурување.

Одобрувањето на дозволеното пречекорување се врши по прифаќање на понудените преддоговорни услови од страна на клиентот, направени на негово писмено барање, врз основа на претходна анализа на неговото работење со банката.

Одобрувањето на дозволеното пречекорување може да биде колективно и индивидуално.

Колективно дозволено пречекорување[уреди | уреди извор]

На сите вработени во буџетски институции и јавни претпријатија, како и претпријатија со кои банката има склучено договор за деловна соработка, банката може да им одобри колективно дозволено пречекорување во висина до 2 плати, но не повеќе од 300.000,00 денари.

На сите пензионери кои надоместот од пензиско и инвалидско осигурување го примаат на трансакциска сметка, банката може да им одобри колективно дозволено пречекорување во висина од една пензија.

Доколку на сметката не стигне плата или пензија во рок од два месеци, банката го укинува дозволеното пречекорување.

За цело времетраење на дозволеното пречекорување, банката може да прави преоценка на висината и рокот на одобреното дозволено пречекорување, и во секое време има право да го зголеми, намали или укине одобреното дозволено пречекорување.

Индивидуално дозволено пречекорување[уреди | уреди извор]

Банката, на барање на клиентот, може да одобри индивидуално дозволено пречекорување најмногу до 2 просечни плати со рок не подолг од 12 месеци.

Непосредно пред истекот на рокот на важност на индивидуално одобреното дозволено пречекорување, доколку клиентот уредно работи, банката врши автоматско обновување, при што рокот на користење се продолжува за 12 месеци.

При обновувањето на дозволеното пречекорување, банката има право да одобри различен износ на дозволено пречекорување, земајќи ја во предвид искористеноста на дозволеното пречекорување во изминатиот период, како и кредитната способност на клиентот.

За цело времетраење на дозволеното пречекорување, банката може да прави преоценка на висината и рокот на одобреното дозволено пречекорување, и во секое време има право да го зголеми, намали или укине одобреното дозволено пречекорување.

Траен налог[уреди | уреди извор]

Сопственикот на трансакциската тековна сметка може да отвори траен налог со кој ќе ја овласти Банката во негово име и од средствата на неговата транскациска сметка без надомест да врши плаќања на редовните трошоци за домаќинство (сметки за вода, електрична енергија, парно греење, фиксна и мобилна телефонија, Интернет и кабелска телевизија), пренос на друга трансакциска сметка, денарска штедна книшка во банката, како и отплата на кредити издадени од банката.

  1. Закон за платен промет
  2. Ellis, Blake (2012-08-16). "Bank Account History, cnn.com"