Коаксијален кабел
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Коаксијален (соосен) кабел (англиски: coaxial cable) е кабел што се состои од заштитна надворешна обвивка направена од изолатор под кој е поставена метална мрежа обвиена околу изолирани проводни жици. Сите овие делови се наоѓаат на истата заедничка оска од каде и потекнува името на овој вид кабел. Коаксијалниот кабел е откриен од страна на англискиот инжиниер и математичар Оливер Хевајсајд, патентирајќи го дизајнот за првпат во 1880 година.
Коаксијалниот кабел се употребува за пренесување на телефонски, телеграфски, телевизиски, а во поново време и пренос на интернет сигнали со висока фреквенција, под земја, над земја или под море, за пренос на податоци во компјутерски системи. Една од предностите на коаксијалниот кабел во однос на останатите радио преносни линии е во тоа што електромагнетното поле коешто се создава во самиот кабел се грижи сигналот да е активен само во просторот помеѓу внатрешните и надворешните спроводници. Оваа предност овозможува инсталација на коаксијален кабел во близина на метални објекти обезбедувајќи заштита на сигналот од надворешни електромагнетни интерференци (попречувања).
Коаксијалниот кабел се разликува од другите заштитни (изолирани) кабли коишто се користат за пренос на пониски фреквентни сигнали како што се аудио сигналите, во тоа што димензиите на кабелот се контролирани да обезбедат прецизно константно т.н спроводливо растојание, коешто е потребно за да фукнкционира ефикасно како што се радио фреквенциските трансмисиони(преносни) линии.
[уреди] Како работи коаксијалниот кабел
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (јануари 2011) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Како и секој електричен кабел така и коаксијалниот кабел спроведува наизменична струја помеѓу одредени локации. Се состои од од два спроводника, централна жица и цилиндрична мрежа. Во секој момент струјата патува низ еден од спроводниците а се враќа по другиот спроводник. Сепак, додека струјата е наизменична, струјата го менува правецот многупати во секунда. Коаксијалниот кабел се разликува од останатите кабли, бидејќи тој е дизајниран да пренесува радио фреквентна струја. Оваа фреквенција е многу повисока од 50 или 60 Hz (Херци) поддржана во основните електрични кабли, менувајќи го правецот од милиони до милијарда пати за време од една секунда. Исто како и другите типови на радио преносни линии така и коаксијалниот кабел треба специјално да се конструира со цел да се спречи загубата на моќност. Доколку се употреби обична жица за пренос на високо фреквентен напон, жицата ќе се однесува како антена, со што високата фреквенција зрачи струја во вид на радио бранови, што придонесува да ослбување на моќноста.
| Оваа статија за електрониката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

