Кичевска чаршија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кичевска шарија
Улица во чаршијата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видчаршија
ГрадКичево
Земја Македонија

Кичевска чаршијачаршија во стариот дел на Кичево, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Чаршијата се протега во западното подножје на Китино Кале, по улицата „Александар Македонски“ (старо име „Маршал Тито“), која има насоченост север-југ. Јужна граница на чаршијата е црквата „Св. Петар и Павле“, а северната е џамијата „Султан Бајазит“ (Чарши-џамија). Чаршиските дуќани се распоредени од двете страни на чаршиската улица „Александар Македонски“. На запад чаршијата навлегува во делови од улиците „11 Октомври“ и „Гоце Делчев“, а на исток оди по „Охридска“, „Косовска“ и „Амит Челопечанец“.

Во чаршијата во минатото имало анови, чешма и амам, чии остатоци се пронајдени на улицата „Охридска“.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Споменичка целина Кичевска чаршија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 16 август 2017.