Киргистански нереди 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Киргистански нереди 2010
Место Киргистан
Датум 3 април, 2010 –
Мртви 83[1]
Повредени 1,000+[2][3]
Број 5,000 демонстранти[4]

Киргистанските немири од 2010 година претставуваат востанија кои се случиле во Киргистан. Немирите произлегуваат од растечкиот гнев против владата и претседателот Курманбек Бакиев. Демонстрантите ја презеле владината зграда во Бишкек на 6 април и на 7 април.

Причини и тек[уреди]

На 6 април 2010 година околу 200 лица се собрале пред седиштето на главната опозициска партија во Бишек, при што реагирала најпрвин полицијата и ги растргнала демонстрантите. Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Бишек избиле ден по немирите во градот Талас, каде демонстрантите барале оставка од претседателот Курманбек Бакиев, кој на власт дошол во 2005 година откако неговиот претходник Аскар Акаев, бил соборен од власта со насилни демонстрации. Демонстрантите во Талас, град на северозапад на Киргистан, ја зазеле зградата на регионалната управа и неколку часа како заложник го држеле гувернерот Бајшен Болотбеков. По ова, премиерот на Киргистан Даниар Усенов прогласил вонредна состојба на територијата на целата земја. На 7 април 2010 година, киргистанскиот министер за внатрешни работи Молдомуса Конгантиев бил убиен од страна на бунтовниците.[5]

Според последните информации, досега во немирите најмалку 74 лица се убиени, а над 500 се повредени.[2][6][7] Исто така била објавена и веста дека претседателот Бакиев побегнал од престолнината со неговиот приватен авион кон јужниот дел од земјата, и дека лидерите на опозицијата формално ја формирале новата влада предводена од поранешниот министер за надворешни работи Роза Отунбајева.[8][9]

Претседателот Бакиев се засолнил во селото Маркај каде основал воен штаб.[10] по кое се појавил во Јалалабад, каде дал интервју за Би Би Си[11], а во меѓувреме се појавил и на најпопуларната киргистанска интернет страна 24.kg на која изјавил дека нема намера да ја напушти претседателската функција. Во престолнината опозицијата успеала да го воспостави јавниот ред и мир. Според тамошниот министер за внатрешни работи, за прв пат жртвите не биле убиени од страна на ограбувачи, туку само 67 лица биле ранети од огнено оружје.[12]. Без разлика на оваа изјава, сепак во северниот дел на градот имало случаи на грабење на туристи или локално население. [13]

Сепак одлуката на Роза Отунбајева од 8 април 2010 година за распуштање на парламентот ја оставила земјата без легално собрание, Изјавите на опозицијата дека во рок од шест месеци ќе биде изгласен нов устав не се легални бидејќи единствено распуштената влада би можела да презема такво решение. Новите закони можат да бидат изгласени само од распуштениот парламент, додека пак новата влада може да биде изгласена само претседателот кој засега истото го одбива, неговиот заменик кој моментално не се наоѓа во земјата, или пак премиерот којшто позицијато го присилила да поднесе оставка. Моментално во земјата не постои ниту парламент ниту влада. Голем број на иследувачи сметаат дека земјата се наоѓа пред прагот на граѓанска војна.[14]

Наводи[уреди]