Келам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Келам (арап. کلام, тур. Kelâm) е една од веронауките (علم الكلم) за исламот. На арапски ова значи „зборување“. Постојат рапсрави за тоа зошто науката го носи ова име. Еден предлог е дека се работи за зборувањето на Алах. Келам е исламска традиција која се стреми теолошки принципи по пат на дијалектика. Келамскиот веронаучник на арапски се нарекува мутакалим (мн. мутакалимиин).
Првите веронаучници на келамот ги бирал Хунајн ибн Ишак († 873 год.) за Домот на мудроста под управа на Абасидскиот калиф на Багдад.
Содржина |
[уреди] Видови на теологија
Исламската теологија е теологија изведена од Куранот и пророчките посланија. Содржината на исламската теологија може да се подели на чиста теологија, теодицеја, есхатологија, антропологија, апофатика и компаративна религија. Овие поделби ги наоѓаме во Куранот и во пропрочките посланија.
[уреди] Чиста теологија
Чистата теологија зборува за природата на Алах како неговата суштина и својства (атрибути) како и неговата поврзаност со луѓето и другите битија, како однос помеѓу создателот и создадените суштества.
[уреди] Есхатологија
Есхатологијата се занимава со последните, конечни нешта, а во исламската теологија есхатологијата се однесува на крајот на светот и што се случува потоа (на другиот свет). Под есхатологија спаѓа смртта на луѓето, нивните души по телесната смрт, целосното уништување на овој свет, воскресението на душите на луѓето и страшниот суд на луѓето според нивните постапки по воскресението, и соодветните награди и казни за верниците и неверниците. Потоа местото за верниците се нарекува Рај, за за неверниците Пекол.
[уреди] Теолошка антропологија
Антропологијата во исламската теологија се фокусира на природата и целта на човечкиот род создаден од Алах за да живее на овој свет. Апофатичката (т.н. „негативна“) теологија се занимава со сѐ она што Алах не е.
[уреди] Компаративна религија
Компаративната религија во исламската теологија се занимава со сличностите и разликите помеѓу илсмаската теологија и другите теологии како Христијанската и Еврејската според тоа како се објаснети во Коранот и во пророчките преданија.
[уреди] Ралики помеѓу верските групи
[уреди] Општ преглед
Низ историјата на исламската теологија разликуваме школи како што се Салафити, Ашарити, Мутазилити и Ханбалити. Сите овие се одликуваат како со сличности така и со меѓусебни разлики.
[уреди] Сунитско гледиште
Сунитите сметаат дека постојат шест верски одредби: верба во Бога, неговите ангели, неговите книги, неговите пророци, есхатологија, и дека вредностите и стандардите за добрина и лошотија се дадени од Алах.
[уреди] Шиитско гледиште
Постојат разлики помеѓу муслиманите во одредувањето на контекстот на одредбите. Шиитите сметаат дека постојат пет верски одредби: Божје единство, Божја Правда, Пророштво, Имамат и есхатологија.
[уреди] Мутазилитско гледиште
Мутазилитите највеќе ја потенцираат човековата слободна волја во односот со Алах додека тие кои им се спротивставени на мутазилитите ја нагласуваат предодреденоста на човечката субина во односот со Алах. Мутазилитите ѝ даваат предност на Божјата правда додека ним спротивставените, на Божјата семоќ во контекст на односот помеѓу човекот и Бог.
[уреди] Главни келамски школи
[уреди] Поврзано

