Карајанија
Карајанија (грчки: Καραγιάννια) — мала географска област во Кожанско, Егејска Македонија.
Областа лежи 25 км западно од градот Кожани и има облик на зарамнета вдлабнатина, вгнездена во јужните падини на планината Сињак. Непристапна е од север, запад и исток, бидејќи е обиколена со високи планини, и до неа се доаѓа само од југ. Претставува широка клисура образувана со ерозија на водите кои се слеваат од Сињак од северозападен правец.
Населени места[уреди | уреди извор]
Карајанија била традиционална населено со Турци, што се гледа од изворните имиња на местата. Ова се променило во 1920-тите, кога сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци-бегалци согласно размената утврдена според Лозанскиот договор.[1] Набргу потоа, грчката држава ги сменила имињата на селата. Денес областа има вкупно 1.465 жители, распоредени во следниве села, сите во денешната Општина Кожани:
- Деделер (Скити)
- Сариханлар (Алонакија)
- Калбуџилар (Антотопос)
- Бахче Ловаси (Кипари)
- Киримзиќој (Кокинарас)
- Шајнлер (Ксиролимни)