Каранфилоцветни
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Каранфилоцветни | |
|---|---|
| Silene latifolia (Silenoideae) |
|
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Нерангирано: | Јадрени евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Подред: | Каранфилинеи |
| Фамилија: | Каранфилоцветни Жус. |
| Родови | |
|
многу, во текстот |
|
Caryophyllaceae е фамилија на цветни растенија во која припаѓаат каранфилоцветните. Видовите се дикотиледони и се дел од редот Caryophyllales. Ова е голема фамилија, со 88 родови и околу 2.000 видови.
[уреди] Дефинирачки одлики
Сите кариофилиди (освен оваа фамилија и фамилијата Molluginaceae) произведуваат црвенкасти беталаински пигменти. Каранфилоцветните произведуваат антоцијанин како свој црвенкаст пигмент. Вистински венечни ливчиња отсуствуваат. Надворешниот круг од прашниците е венчевиден и канџест.
[уреди] Морфологија
Цветовите се актиноморфни (ретко зигомоефни) и хермафродитни (ретко еднополови) и се групираат во цимозни соцветија. Понекогаш се присутни прицветни листови (брактеи). Плодниците се натцветни (ретко потцветни), со слободна централна или базална плацентација. Плодот е во вид на локулицидна кутијка или утрикула. Семињата поседуваат извиткан ембрион. Ендосперм отсуствува и е заменет со перисперм.
Каранфилоцветните растенија се годишни или повеќегодишни тревести растенија со нодиуми (коленца), грмушки или лијани. Листовите се прости, целокрајни и наспрамни, често со споени основи. Прилисниците се тенки и суви или, пак, отсуствуваат. Овие растенија имаат космополитско распространување, најчесто во топлата умерена северна хемисфера. Често се одгледуваат како градинарски и украсни растенија.
