Ителменски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ителменски јазик
итэнмэн Itənmən
Застапен во Русија
Подрачје Камчатка
Народ Ителменци
Говорници околу 400, со 82 активни говорници[1]  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3 itl

Ителменскиот, или порано познат како камчадалски, е камчатски јазик, дел од јазичното семејство на чукотско-камчатски јазици. Јазикот го зборуваат помалку од 100 луѓе на Камчатка во Русија. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 3.180 Ителменци, и скоро сите зборуваат руски. Сепак има обиди за јазично оживување и јазикот се учи во неколку училишта. Овој јазик е единствениот преживеан од камчатските јазици.

Состојба[уреди]

Јазикот е високо загрозен бидејќи се зборува од мал број луѓе, кои пак се воглавно возрасни лица. Сепак во регионот има движење за негово оживување и се развиле образовни материјали на ителменски. Современиот ителменски е под силно влијание на рускиот.

Писмо[уреди]

Ителменскиот бил непишан јазик. Првото писмо било развиено во 1932 година и било базирано на латиницата. Сепак, ова писмо било краткотрајно и јазикот повторно не бил пишан скоро педесет години, кога се развило второто писмо за јазикот.

Ителменска латиница[2]
А а B b C c D d E e F f G g H h
I i Ь ь J j K k L l Ł ł M m N n
Ŋ ŋ O o P p Q q R r S s T t U u
W w X x Z z

Современата ителменска азбука била создадена во 1984 година и била базирана на кирилицата.

Ителменска кирилица[3]
А а Ӑ ӑ Б б В в Г г Д д Е е Ё ё
Ж ж З з И и Й й К к К’ к’ Ӄ ӄ Ӄ’ ӄ’
Л л Љ љ Ӆ ӆ М м Н н Њ њ Ӈ ӈ О о
О̆ о̆ П п П’ п’ Р р С с Т т Т’ т’ У у
Ў ў Ф ф Х х Ҳ ҳ Ц ц Ч ч Ч’ ч’ Ш ш
Щ щ Ъ ъ Ы ы Ь ь Ә ә Э э Ю ю Я я

Наводи[уреди]

  1. http://www.gks.ru/free_doc/new_site/population/demo/per-itog/tab6.xls
  2. Y. P. Alkor. Languages and writing of peoples of the North. Moscow-Leningrad, 1934.
  3. K. N. Khaloymova. Itenmen'in Krvel'kh'atas 2. Saint Petersburg, 2001.
  • Volodin, Aleksandr P. (1976). Itel’menskij jazyk. Leningrad: Izd. Nauka.
  • Volodin, Aleksandr P. & Klavdija N. Chalojmova. (1989). Slovar’ itel’mensko-russkij i russko-itel’menskij. Leningrad: Prosveščenie. ISBN 5-09-000106-5.

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]