Исеин Исеиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исеин Исеиноски
Роден 1923 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Ќафасан, Струшко, Македонија
Националност Македонска
Народност Турска

Исеин Акиов Исеиноски (Исеин Акиоски) ( 1923 во Кичево1944 во Ќафасан, Струшко) — македонски партизан од турска народност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен биста на Исеин (Акиоски) Исеиноски во Кичево.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во многу сиромашно семејство. Поради голема сиромаштија во семејството, бил принуден да работи како куќен помошник кај доктор Кржиќ, а потоа работел во Поштата. Иако бил од турската народност, како напреден младинец во градот, имал чести контакти со партиските позадинци ѝ во пролетта 1942 година станал член на СКОЈ, а подоцна и член на КПМ во Кичево. Со капитулацијата на фашистичка Италија, Месниот комитет на КПМ за Кичево, му доделил доверлива задача испраќајки го со пошта до Главниот штаб на НОВ во Лопушник. Со повлекувањето на партизанските единици од слободно Кичево во октомври 1944 година, Исеин заминал во партизани ѝ станал курир на Главниот штаб и делегатот на ЦК КПЈ Светозар Вукмановик - Темпо. Бидејќи го познавал албанскиот јазик, служел како врска помеѓу Главниот штаб и Бригадата со која заминал за Егејска Македонија каде, исто така, продолжил со својата курирска задача патувајќи често и долго по беспаќа и низ опасности што се заканувале од сите страни. Во есента 1944 година, извршувајќи една таква задача, загинал кај месноста Ќафасан во близината на Струга.[1]

Една улица во Кичево е именувана по него.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 64.
  2. „Улица Исеин Акиоски - Кичево“. wikimapia.org. Посетено на 2021-09-13.