Исаија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исаија

Исаија (хебрејски: יְשַׁעְיָהוּ, преведено како „Спасението е во Бога“) — еден од големите старозаветни пророци што живееле во VIII век пр. н. е. во Јудеја. Неговите пророштва првенствено се поврзуваат со замислата за Месијата, како и со потребата од „враќање кај Бога“. Покажува особена чувствителност кон проблемите на обичните луѓе и често отворено го критикува односот на благородништвото кон нив.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Scofield Study Bible III, NKJV, Oxford University Press
  2. New Bible Dictionary, Second Edition, Tyndale Press, Wheaton, IL, 1987.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Дела поврзани со Isaiah на Викиизвор