Интернет-игра
Интернет-игра или онлајн игра (англиски: online game) е игра која се игра преку компјутерска мрежа, најчесто преку интернет. Проширувањето на популарноста на овие игри е еден од главните фактори за популарноста на интернетот насекаде низ светот и сè поголемата достапност. Многу интернет-игри се популарни заради комуникативноста, што ги прави многу поинтересни и позабавни од самостојните игри. Некои игри имаат и свои интернет-заедници.
Содржина |
[уреди] Дефиниција
„Интернет-играњето е повеќе технологија, отколку жанр. Повеќе е механизам кој ги поврзува играчите, отколку начин на игра.“[1] Интернет-игрите се играат преку некој вид на мрежа, денес најчесто интернет. Една предност на интернет-игрите е можноста на поврзување на групни игри, иако и самостојните игри се прилично популарни.
[уреди] Рани интернет игри
Интернет игрите датираат од 1980 година кога се појавиле првите игри наречени MUD, едноставни игри базирани на текст, често играни на ББС со користење на модем. Овие игри се базирани на фантазија, правила слични како на играта Dungeons & Dragons. Поинакви стилови на игри како шах, слагалици и други онтернет игри станаа достапни. Но бидејќи целовремената конекција беше скапа поради тоа што се тарифираше по секунда, некои игри почнаа да се играат преку е-пошта.
[уреди] Игри во прво лице
Во 1990-те, интернет игрите се преместија од LAN протокол (како што е IPX) исто така и на интернет протоколот TCP/IP. Дум го популизираше типот на игра детмеч, каде што повеќе играчи се борат, секој против секого, како нова форма на интернет игра. Откако се појави Дум повеќето игри во прво лице содржат компоненти кои дозволуваат игање на интернет.
[уреди] Стратегии во реално време
Раните игри од овој тип дозволуваа играње преку модем или преку локална мрежа. Откако интернетот почна да расте во 1990-те, беше направен софтвер за овие игри да бидат достапни за играње преку интернет. Во подоцните 1990-ти повеќето од овие игри имаа поддршка за интернет, дозволувајќи има на играчите отсекаде на светот да играат меѓу себе. Беа креирани сервиси кои им овозможуваа на играчите да играат против играч кој е автоматски избран.
[уреди] Игри базирани на интернет прелистувачи
Откако интернетот се разви и прелистувачите станаа поусовршени, луѓето почнаа да прават игри кои бараа само интернет-прелистувач. Едноставни игри за еден играч беа направени кои можеа да се играат користејќи HTML и HTML scripting технологии (најчесто JavaScript, ASP, PHP и MySQL). Покомплицираните игри контактирааѕ веб сервер за да овозможат играње со други луѓе.
Развивањето на веб-графичките технологии како Флеш и Јава дозволија веб игрите да станат покомпликувани. Овие игри (исто познати под името Флеш игри или Јава игри), станаа навистина популарни. Многу игри во 1980-те, како ПакМан и Фрогер, беа рекреирани за да можат да се играат како Флеш анимација на веб страна. Повеќето игри беа строго за играње со повеќе луѓе, но најчесто игри со едно лице и листа на поени од сите играчи достапна на интернет.
Игрите со домашни миленичња како „Неопетс“, се исто така многу популарни како помлада генерација на игри со интернет прелистувачи.
Поновите игри од овој тип користат веб технологии како AJAX за да ја направат играта популарна и интересна. Пример за вакви игри се OGame (Вселенска симулација), BiteFight (Вампири против врколаци), Ikariam (Стари цивилизации).
Најновиот тренд за игри во веб пребарувач се прошири и во доменот на пукачките игри во прво лице еднина (first person shooters). Еден од пионерите на ова поле се Id Software, креаторите на многу популарни акциони наслови како Doom, Quake и Волфенштајн (Wolfenstien). Нивниот последен проект е конверзија на оригиналната верзија на Quake 3 издадена во 1998 година, во мод за веб-пребарувач.
Играта инкорпорира елементи од оригиналот како различните модови за игра: детмеч, фати го знамето, но додава и неколку нови како тим арена (Team Arena).
Секој играч мора да создава свој сопствен профил на кој може да ги провери своите награди и податоци за успешноста во неговите он лајн натпреварувања. Обработката и средувањето на огромната дата база на податоци се врши со помош на интегрираниот metagame погон.
За успешноста и популарноста на ваквиот нов начин на играње, говори и фактот дека 110.000 профили биле направени во првите шест часа од официјалното излегување на Quake Live.
[уреди] Масивни игри за повеќе играчи на интернет
Овие игри беа направени со растењето на бродбенд интернетот во многу развиени земји, користејќи интернет конекција за да им овозможат на илјадници играчи да ја играат истата игра заедно. Многу различни стилови од овие игри се достапни како:
- MMORPG (Massively multiplayer online role-playing game)
- MMORTS (Massively multiplayer online real-time strategy)
- MMOFPS (Massively multiplayer online first-person shooter)
[уреди] Масивни интернет игри преку интернет прелистувач
Напредните технологии дозволуваат креирање на игри од овој тип преку прелистувач, слични но понапредни од другите игри кои користат прелистувачи.
Поради лимит на технологијата, овие игри неможат да имаат ист графички и звучен квалитет како другите масивни интернет игри. Затоа пак овие игри се поефтини од целосните масивни интернет игри.
[уреди] Профитабилна индустрија
Растењето на популарноста на Јава и Флеш водеше до интернет револуција каде веб-страниците можат да содржат видео, звук и други напредни функции. Кога Microsoft почна да го пакува Флеш како задолжителна компонента од нивниот интернет прелистувач, интернетот се промени и освен класичен податоци/инормации спектар на интернет се појавија страници со забавна содржина. Револуцијата им овозможи на веб страниците да нудат интернет игри на сурферите. Додека многу игри наплаќаат месечна претплата, како „Светот на Варкрафт (World of Warcraft)“, многу други страници се потпираат на нивните спонзори. По пропаѓањето на дот-ком во раните години на 21-от век, барањето на спонзори за веб страниците е навистина тешко.
Опаѓањето на слободните интернет игри, ги наведе компаниите да ставаат банери за реклами на други веб страници.
[уреди] Флеш игри
Се повеќе и повеќе расте популарноста на оние мали игри кои се изработени со помош на технологијата на Adobe Flash наречена ACTIONSCRIPT.
Особено популарни кај повозрасните интернет-сурфери бидејќи не бараат инсталација и посебен хардвер.
[уреди] Наводи
- ↑ Ролингс, Ендру; Ернест Адамс (2006). „Fundamentals of Game Design“. Prentice Hall. http://wps.prenhall.com/bp_gamedev_1/54/14053/3597646.cw/index.html.