Излетничка кошница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Типична излетничка кошница

Излетничка кошница или пикник-кошница е кошница или друг сад во кој се става храна и сервис за јадење за на излет (пикник). Ваквите кошници се сметаат за стандардна опрема за мали излети, но не се употребуваат при големи излети. наместо излетнички кошници се користат сандаци за поголеми количества на храна и пијалоци.

Додека основната излетничка кошница е прилично едноставна, некои кошници кои се продаваат во гастрономски продавници се прилично големи и комплицирани, со изолирани делови за одржување на топло и ладно, како и сервис за јадење и чаши (вински чаши и порецелански чинии во џебови или со ремени.

Постојат излетнички кои всушност се ранци со слични изолирани делови и џебови за прибор, наместо традиционални плетени кошници.

Многу современи излетнички кошници имаат и посебно место за чување вино, вообичаениот пијалок (за пикник). Некои од овие имаат и прикачени простирки за седење.

Надворешни врски[уреди]