Изгорени од сонцето
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Изгорени од сонцето (руски: Утомлённые солнцем) е филм на рускиот режисер и актер Никита Михалков од 1994 година. Филмот, помеѓу другите награди, ги доби Главната награда на Филмскиот фестивал во Кан и Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.
[уреди] Заплет
Филмот започнува со 1936 година, пред самата „Голема чистка“ на Јосиф Сталин. Генерал мајор Сергеј Котов (Никита Михалков), идеалист комунист и воен херој од Бољшевичката револуција и Руската граѓанска војна, ужива во животот во неговата селска куќа. Покрај него се Мароусиа, поранешна благородничка која станала негова жена, неговата ќерка Надја и членови на поширокото ексцентрично семејство на неговата сопруга составено од поранешни благородници. Харизматичниот Котов, опуштен пред пензија, е инспирација за сите околу него.
