Играта на Дарвин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корицата на првиот том

Играта на Дарвин (јапонски: ダーウィンズゲーム, англиски: Darwin’s Game) — јапонска манга од FLIPFLOPs, објавена во списанието Bessatsu Shōnen Champion од 2012 г.[1] Врз основа на неа, студиото Nexus направило аниме-серија, нејзината премиера се одржала од 3 јануари до 20 март 2020 г.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

17-годишниот второкласник во гимназија, Канаме Судо, прифаќа онлајн покана од другар да игра мобилна игра наречена „Играта на Дарвин“, без да знае дека таа вклучува борба меѓу животот и смртта. Оние што ја играат играта добиваат сигил (англ. Sigil), способност што разнообразува од играч до играч. Заробен во оваа игра на немилосрдни убиства и освојувања, Канаме одлучува да ја заврши играта и да го најде и убие Господарот на Играта.

Подоцна во серијата, откриено е дека Господарот на Играта, и покрај првичните појави, е еден од неколкуте низ различни вселени и всушност делува добронамерно, со нагласок на поголемото добро. Чудовиштата познати како Алчност прават неред преку јадење и замена на поединци, предизвикувајќи повторени апокалиптични настани. Играта на Дарвин служи како полигон за да се создадат шампиони способни да се борат со оваа сериозна закана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sherman, Jennifer (2018-11-07). „Darwin's Game Manga Gets TV Anime“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на 2019-10-08. Посетено на 2018-11-07. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Pineda, Rafael Antonio (August 14, 2023). „Darwin's Game Manga Ends With 125th Chapter“. Anime News Network. Архивирано од изворникот August 14, 2023. Посетено на August 14, 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]