Ивко Панговски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивко Панговски
Роден 20 јули 1931
Галичник
Починал 28 март 2019
Скопје
Националност Македонец
Занимање спортски новинар и коментатор

Ивко Панговски (роден на 20 јули 1931 година во Галичник - 28 март 2019 во Скопје) — спортски новинар, радиорепортер и стенограф, сметан за легенда на македонското спортско (фудбалско) коментаторство. Од весникот „Единство“ поминува (1948) во Радио Скопје, каде што останал до пензионирањето (1989). Спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари. Објавил повеќе трудови од историјата на македонскиот спорт.