Ивица Џикиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Ивица Џикиќ
Роден 1977
Занимање Писател, новинар
Јазик хрватски
Националност Босна и Херцеговина
Државјанство Босна и Херцеговина Хрватска
Жанра романи
Значајни дела Циркус Колумбија
Значајни награди Награда Меша Селимовиќ

Ивица Џикиќ бил босански писател и новинар. Бил роден 1977 година во Томиславград, СР Босна и Херцеговина, Југославија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Новинарска кариера[уреди | уреди извор]

Работел како новинар во неколку хрватски весници, а најголемо влијание оставил на крајно левиот весник Ферал Трибјун од Сплит каде што работел во 1996 година. Како новинар почнал да работи од своите 16 години, бил активен и во Слободна Далмација. Од 2001 година уредуваше неколку хрватски списанија како „Нови лист“.

Пишувачка кариера[уреди | уреди извор]

Својот прв роман го објавил во 2003 година, наречен Циркус Колумбија, во издание на Ферал Трибјун. За овој роман бил награден и со наградата Меша Селимовиќ. Филмот Циркус Колумбија од 2010 година бил заснован на неговиот роман. Дејствието на романот бил во родниот град на писателот Томиславград, мал град во Херцеговина на почетокот на 1990-тите, непосредно пред војната во Босна. Во 2004 година Џикиќ објавил политичка биографија на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ по име Домовински обрат (англиски: Homeland reversal), во издание на ВБЗ од Загреб. Во 2007 година Џикиќ англиски: Nothing in Marshmallow Colour напишал својот втор роман наречен Ништа слезове), објавена од Feral Tribune. Овој нов роман бил составен од три приказни, Зелени дворац (англиски: Green Castle), Пробај заспати, молим те (англиски: Please, Try to Sleep) и Kao da ništa nije bilo (англиски: Like Nothing Happened). Тој бил и главен писател на телевизиската серија Новини.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT: HRT prikazuje“.