Зоран Сталевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сталевски во 2018 година.

Зоран Сталевски (р. 1972 година во Охрид) — современ македонски мелограф, собирач и публицист на македонското народно творештво, кој живее и работи како програмер во Охрид.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сталевски живее во Охрид со своето семејство, сопруга и две деца, кои му помагаат околу одржувањето и дополнувањето на колекцијата со песни. По професија е програмер и повеќе од 20 години изработува веб-апликации за меѓународни клиенти, кои претежно се од САД. По многу години поминати како член на меѓународни тимови со програмери, а и како тимски водач за развој на софтвер, во моментов ја извршува позицијата Директор на производство во компанијата „Digital Asylum2“, со седиште во Сан Диего, Калифорнија, САД.

Мрежното место „pesna.org“[уреди | уреди извор]

Со собирање и објавување македонски народни песни започнал да се занимава како хоби, но и од револт заради инертноста на институциите кои треба активно да работат на систематизирање и презентација на македонското културно наследствто. Откако неговата колекција неколку години постоела публикувана на блог платформа (на сега веќе непостоечката адреса „pesna.blogspot.com“), таа конечно била преработена како самостоен семрежен прилог која нуди многу повеќе можности за сортирање и филтрирање на песните. Освен текстови, новата платформа содржи и транслитериран текст на латиница, преводи на повеќе јазици, како и аудио семплови.

Новата адреса, на која колекцијата е публикувана од април 2009 година, е „Pesna.org“. Низ годините, страницата прераснала во голем глобален колаборативен проект во кој учествувале десетици преведувачи и стотици други љубители на македонскиот мелос кои праќаат сугестии, аудио семплови или на некој друг начин помагаат во збогатувањето на колекцијата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • pesna.org - најобемна дигитална збирка на Народни и Староградски песни.