Змии и гуштери

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Змии и Гуштери
Жанр драма, комедија, теленовела
Создадена од Џоао Емануел Кареиро
Настапуваат Маријана Шименез
Даниел де Оливеира
Каролина Диекмен
Таис Араухо
Најавна песна Alô, alô marciano, Elis Regina
Земја на потекло Бразил
Јазик португалски
Број на епизоди 140
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Глобо
Емитување 24 април 200618 ноември 2006
Хронологија
Проследена од Дај ми силно (2006–2007)
Официјална Веб-страница

Змии и гуштери (порт. Cobras & Lagartos) е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил, во текот на 2006 година, со 179 епизоди за бразилското население, а 140 за меѓународниот пазар. Серијата имаше огромен успех во Бразил, се емитуваше во терминот за хумористични теленовели во 19 часот. Првата епизода достигна гледаност од 35% а последната 45%.

Синопсис[уреди]

Омар Пасквим е газда на ланец апартмани Луксуз, а пати од болест која ќе го убие за неколку месеци. Тој знае и стравува како неговото богатство ќе заврши во рацете на некој што не го заслужува. Од сиромашно потекло, Омар цел живот напорно работел за да го стекне она што го има сега. Тој никогаш не се оженил ниту пак имал деца. Единствените негови природни наследници би биле сестрата Милу, и внуците Леона, Томас и Бел. Од нив, само Бел го заслужува статусот на милионерка, бидејќи другите не се ништо освен паразити за пари. Интересно е дека Бел, неговата најдрага внука, живее на работна нога со Омар бидејќи го смета за егоистичен и безобразен. И таа секогаш повторува како не сака ниту цент од неговото наследство. За тоа време, блиските роднини на Омар, па дури и они кои немаат врска со него, смислуваат најлукави планови како би допреле до наследството. Знаејќи дека е опкруже со змии и гуштери и со намера да ги запознае вистинските намери, секој од тие луѓе, Омар се облекува во чистач и ги следи нив без да знаат дека им е близу. Леона, кога не смислува планови како да допре до парите на вујко и, живее како љубовница на свршеникот на Бел – злобниот Естевао. Во склад со тоа, љубовта на Бел е поделена помеѓу Естевао и Дуда. Овде е и Фоггињо, кој е заљубен во Елен, која работи како продавачка во Луксуз, а се на што мисли е како да стигне до поголема скала во животот. Заблагодарувајќи се на еден удар со судбината, цело наследство на Омар ќе заврши во рацете на Фогуињо, затоа што беше заменет со Дуда во чии раце наследството требало да заврши.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Маријана Шименез Бел
Даниел де Оливеира Дуда
Каролина Диекмен Леона
Таис Араухо Елен дос Сантос
Хенри Кастели Естевао
Марилија Пера Милу
Тотиа Меирелес Силвана
Клео Пирес Летисија
Карма Дало Вечиа Лусијано

Интернационално издание на музика од серијата[уреди]

Интернационално издание[уреди]

  1. Ooh La La - Goldfrapp
  2. Incredible - The Shapeshifters
  3. Stickwitu - The Pussycat Dolls
  4. Story of My Life - Frankie J
  5. From the Bottom of My Heart - Stevie Wonder
  6. Jerk it Out - Caesars
  7. Advertising Space - Robbie Williams
  8. Bom Bom Bom - Living Things
  9. The World is Mine - David Guetta
  10. Time 2 Love - Ramada
  11. No Worries - Simon Webbe
  12. Why Don't You Kiss Her? - Jesse McCartney
  13. Young at Heart - Barry Manilow
  14. Stormy Weather (Keeps Rainin' All the Time) - Etta James
  15. So Deep - House Brothers
  16. How Insensative - Laura Fygi
  17. The Pink Panther (A Pantera Cor de Rosa)

Змии и гуштери на Балканот[уреди]

Бугарија: Нова ТВ

Надворешни врски[уреди]