Зија Бериша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зија Бериша
Роден 13 ноември 1932
Скопје, Кралство Југославија
Починал 13 февруари 1996
Скопје, Македонија
Занимање глумец

Зија Бериша (роден на 13 ноември 1932 година во Скопје - починал на 13 февруари 1996 година во Скопје) — македонски и југословенски глумец од албанско потекло.[1]

Бериша бил глумец во Албанската драма од 1959 година, еден од основачите на Театарот на народностите во Скопје. Истакнат толкувач на главни улоги, носител на дејноста на Албанската драма.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Хаџи Замфир („Зона Замфирова”)
  • Хаџи Тома („Коштана”)
  • Митре („Парите се отепувачка”)
  • Ибро („Три света”)
  • Арсо („Чорбаџи Теодос”)
  • Аџи Трајко („Бегалка”)
  • Другар со чанта („Големата вода”).

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумецот Зија Бериша
Год. Назив Улога
1980-те
1982 Илинден ТВ серија /
1984 Јуначко колено ТВ серија /
1990-те
1990 Трст виа Скопје ТВ серија /

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бериша“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 571. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]