Зебреста ајкула
Од Википедија, слободната енциклопедија
Зебрестата ајкула (Stegostoma fasciatum) често ја среќаваат нуркачи околу корални брегови. Поради нејзиното долго тело со испакнатини и густо источкана кожа, неможно е да се згреши при определувањето. Младенчињата имаат риги наместо точки и немаат испакнатини. Поголемиот дел од денот оваа ајкула го минува лежејќи на гребен, обично свртена кон струјата на водата. Ноќе се провлекува со своето вито тело низ шуплините и пукнатините на грбенот барајќи мекотели, ракови и мали риби.