Зански јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зански јазици
Геог.
распростр.:
Јужен Кавказ, Анадолија
Класификација: јужнокавкаски
Гранки:
Карта на картвелските јазици.

Занските јазици или понекогаш наречени занурски јазици се подгрупа на јужнокавкаските јазици кои се зборуваат во Апхазија, Грузија и покрај црноморското крајбрежје на Турција. Во оваа група спаѓаат само два јазика, и тоа: мегрелски јазик и ласки јазик. Според одреден број лингвисти, овие јазика се дијалект на самиот зански јазик, но сепак двата јазика не се сосема разбирливи.

Празанскиот јазик се зборувал во Калхида, кралство покрај брегот на Црното Море. Поради овој факт, некои лингвисти, како што е Акако Шаниѕе, го предложиле терминот „колхидски јазик“. Зборот „зан“ доаѓа од грко-римското име за едно од племињата на Колхида.

Историја[уреди]

Занските јазици се одделиле како посебни од пракартвелскиот јазик во 8 век п.н.е. и продолжиле да се зборуваат на денешната територија па сè до Транзон во Турција. Во 7 век, Заните биле поделени со навлегувањето на Грузијците на територијата, кои пак биле нападнати од Арапите.

Користена литература[уреди]

  • Amerijibi-Mullen, Rusudan (ed., 2006), K’olxuri (megrul-lazuri) ena: Colchian (Megrelian-Laz) language. ICGL (Universali: Tbilisi, Georgia), www.icgl.org. (see also the review of this book by Andrew Higgins.)
  • Jost Gippert/Irakli Dzocenidze/Svetlana Ahlborn, The Zan language. Armazi Project: Georgian Academy of Sciences (Chikobava Institute of Linguistics).

Поврзано[уреди]