Жилбер Лафајет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Жилбер Лафајет

Мари Жозеф Пол Ив Рош Гилбер Димотје Маркиз Лафајет (на француски: Marie-Joseph Paul Yves Roch Gilbert du Motier; 6 сеп 1757 - 20 Мај 1834), често познат Лафајет, бил француски аристократ и воен офицер роден во Шаванијак , во провинцијата Оверњ во јужниот дел на централна Франција. Лафајет бил генерал во Американската револуционерна војна и водач на националната гарда во Француската револуција.

Биографија[уреди]

Во Американската револуционерна војна, Лафајет служел како генерал-мајор во Континентал армија под Џорџ Вашингтон. Бил повреден за време на битката кај Брандивин [1], меѓутоа успеал да организира успешно повлекување.

Споменик на Лафајет во Париз

Во средината на војната тој се вратил во Франција за да преговара за зголемување на француски поддршка за револуционерите. По враќањето, тој ги блокирал британските сили предводена од Корнвалис во Јорктаун додека војските на Вашингтон и оние испратени од страна на францускиот кралот Луј XVI под команда на генералот Рошамбе, адмирал Де Грас, и адмирал де Латуш Тревиле се подготвувале за борба против Британците

Гробот на Лафајет

Се врати во Франција во 1788, Лафајет бил повикан на Собранието на аристократите, каде што била разгледана финансиската криза. Лафајет предложил состанок на кој требало да учествуваат каде претставници од трите традиционални сталежи на француското општество-свештенството, благородништвото и буржуазијата. Тој работел како заменик претседател на заедничкото собрание и презентирал нацрт-верзија на Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот. Лафајет бил назначен за командант на националната гарда. За време на Француската револуција, Лафајет се обидел да го одржува редот, меѓутоа и наредил на националната гарда да стрела врз демонстрантите на Марсовото поле, поради што пододцана ќе биде гонет од страна ан Јакобинците. Во август 1792 година, кога Јакобинците, Лафајет се обиделе да побегнат во САД преку Холандската Република, меѓутоа бил заробен од Австријците и поминал повеќе од пет години затвор.

Лафајет се врати во Франција, откако Наполеон Бонапарт обезбедил негово ослободување од затвор во 1797. Тој одби да учествува во владата на Наполеон, но бил избран за член на Домот на пратеници во согласност со Повелбата на 1815 година, во текот на сто дена. По враќањето на Бурбонците на власт, Лафајет бил либерален преставник Комората на пратеници во 1815 година, позиција на која остана до неговата смрт. Во 1824 година, претседателот Џејмс Монро го поканил Лафајет во САД како "гостин на нацијата", за време на патувањето, тој ги посетил сите дваесет и четири држави. За неговиот придонес за Американската револуција, многу градови и споменици низ Соединетите Американски Држави го носат неговото име. Во текот на Франција Јулската револуција од 1830, Лафајет ја одбил понудата да стане француски диктатор, наместо тоа, тој ја подржал кандидатурата на Луј-Филип за уставен монарх на Франција. Лафајет починал на 20 мај 1834 година, и е погребан во Пицпус гробишта во Париз, под земјата од гробот на Вашингтон во Маунт Вернон. Тој станал граѓанин на САД во текот на неговиот живот, а посхумно 2002 година добил американско државјанство.

Наводи[уреди]

  1. Holbrook, p. 23