Железничка пруга Подгорица–Скадар
Железничка пруга Подгорица–Скадар | |
---|---|
Станица Подгорица | |
Преглед | |
Сопственик | Железнички транспорт на Црна Гора, Албански железници |
Последни станици | Подгорица Скадар |
Станици | 3 |
Опслужување | |
Превозник/ци | Железнички транспорт на Црна Гора, Албански железници |
Историја | |
Пуштена | 1986 |
Технички | |
Пруги | 1 |
Колосек | 1.435 мм (4 ст 8 1⁄2 in) нормален колосек |
Електрификација | не |
Железничка пруга Подгорица–Скадар — железница што ги поврзува Албанија и Црна Гора, која се користи само за товарни цели. Таа е единствената меѓународна железничка врска во Албанија. Иако првично била изграден помеѓу 1984-1985 година, престанала со работа во 1991 година, а подоцна целосно била повторно отворена во 2003 година.
Со железничката инфраструктура управува Железнички транспорт на Црна Гора на црногорска територија и Албански железници на албанска територија. Сепак, железничките услуги вообичаено ги оперира црногорскиот оператор помеѓу Подгорица и албанската станица Бајце, а Албански железници само помеѓу Бајце и Скадар.
Пругата се поврзува со железницата Белград-Бар и со железницата Никшиќ-Подгорица во Подгорица и со железницата Скадар-Вора во Скадар.
Подгорица–Скадар е стандардна железничка пруга долга 63,5 км, од кои 34 км поминуваат низ Албанија, а останатите 29,5 км преку Црна Гора. Како и другите железници низ Албанија, пругата не е електрифицирана. Последната станица на линијата во Албанија е железничката станица Бајзе.
Историја[уреди | уреди извор]
Изградена помеѓу 1984 и 1985 година, товарната линија Подгорица-Скадар била првата меѓународна железница на Албанија.[1] Започнала со работа на 11 јануари 1985 година со редовен сообраќај почнувајќи од 6 август 1986 година. Линијата престанала со работа во 1991 година поради трговските санкции во Југославија. Пругата Бајзе-Скадар (со исклучок на Хани и Хотит) била повторно отворена за употреба во февруари 1996 година. Повторното отворање на линијата Хани и Хотит-Бајза било закажано за 15 ноември 1996 година, но било откажано.[2] Патеката подоцна била тешко оштетена поради граѓански немири во 1997 година.
Во април 2002 година била завршена реконструкцијата на линијата меѓу црногорската граница кај Хани, Хотит и Бајзе. До март 2003 година, линијата помеѓу Бајзе и Скадар била завршена со 365 милиони леки финансирани од албанската влада.[3] Со церемонија одржана на 6 март 2003 година официјално било означено отворањето на Бајзе-Скадар. Во знак на меѓусебна соработка, тогашниот албански премиер Фатос Нано и тогашниот црногорски вицепремиер отпатуваа во Тузи во Црна Гора со специјален воз што сообраќа на оваа линија.
Идни планови[уреди | уреди извор]
Во моментов постојат долгорочни планови за воспоставување и функционирање на патнички сервис на оваа железница.
Постојат и други планови кои вклучуваат изградба на нова брза железничка линија меѓу Подгорица и Скадар.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „:: T669.net - Hekurudha Shqiptare“. web.archive.org. 2016-04-02. Архивирано од изворникот на 2016-04-02. Посетено на 2022-04-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Opening Dates of HSH Standard Gauge Lines“. www.angelfire.com. Посетено на 2022-04-06.
- ↑ „Shkodra - Hyrje“. web.archive.org. 2014-09-04. Архивирано од изворникот на 2014-09-04. Посетено на 2022-04-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ infrastruct (2009-10-28). „High-speed rail line Shkodër – Podgorica“. Infrastruct (англиски). Посетено на 2022-04-06.