Е-книга
Од Википедија
Е-книга, е-книга (англиски: e-book), кратенка од електронска книга, е книга која се дистрибуира во дигитална форма. Е-книга се чита на компјутери или други периферни уреди, рачни читачи.
Содржина |
[уреди] Историја
Е-книга за прв пат се спомнува во 1971 година кога Мишел Харт (Michael Hart), студент на универзитетот во Илиноис, по пат на универзитетската компјутерска мрежа - (англиски: lan - local area network) почнува со дистрибуција на книги во дигитална форма.
Тоа е почеток на проектот кој Харт подоцна ке го нарече Проект Гутенберг, по револуционерот на технологијата за печатење Јохан Гутенберг. Проектот се залага за креирање електронска верзија на книжевни дела во јавен домејн и нивно бесплатно дистрибуирање преку интернет, со тоа негова е заслугата за ширење и популаризација на е-книга.
[уреди] Карактеристики
Предности
- Се скратува времето на излегување на делото во јавност, заобиколувајќи ја најкритичната фаза во изработката на книгата – печатницата.
- Изработката е далеку поевтина без дистрибуција, непожелни залихи, трошење на скапа хартија и друг материјал.
- Достапност на потенцијалните корисници е неспоредливо поголема.
- Можноста на графичкиот израз е практично неограничен.
Недостатоци
- Книгата не е само носител на порака, туку и предмет кој може сам по себе да има вредност.
- Се уште навика на држење печатен материјал во рака.
- Во средини со ниска информатичка култура има отпор како неприроден медиум.
[уреди] Формати
.
[уреди] Надворешни врски
- Бесплатни е-книги од Градска библиотека Браќа Миладиновци - Скопје (македонски)
- Project Gutenberg – Најголема колекција на бесплатни е-книги (англиски)
- eLibrary - Open Ebooks Directory Дигитална библиотека (англиски)
- Дигитална библиотека (англиски)