Еркер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еркер на куќа во Битола
Нагорен поглед на традиционални еркери

Еркер (германски: Erker) е тип на прозорец кој се издава од главниот ѕид од некоја куќа или зграда, сочинувајќи додатен простор на една соба. Еркерот по облик може да биде квадратен или повеќеаголен. Најкористените агли се 90°, 45° и 30°.

Во Македонија постојат два типа на вакви прозорци - народен и класичен. Народните еркери ги среќаваме низ целата земја, а особено познати примероци се оние во Охрид и Струга. Класичните еркери пак, можат да се најдат во многу градови во државата, во помала или поголема мера.

Овие прозорци се користат за добивање на оптичка илузија на поголем простор во собата, како и за зголемување на количеството на светлина во истата.

Поврзано[уреди]