Баџа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Баџа
Некои видови на баџи

Баџа е вид на прозорец поставен вертикално во конструкција која се издава од закосен покрив.

Баџите се употребуваат за добивање на употребливи простори на таваните на куќи или згради. Тие ја исполнуваат оваа улога да два начина.

Прво, баџите пропуштаат доста светлина и вентилираат простор кој инаку би бил темен. Второ, за разлика од Велукс-прозорите, ја зголемуваат висината на таванот и отвораат искористлив простор.

Постојат неколку вида на баџи кои се прикажани на илустрацијата десно, со исклучок на типот рамна баџа, која, како што самото име кажува, има рамен покрив.

Поврзано[уреди]