Ергатив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ергативот е еден од граматичките падежи кој се користи за означување на подметот на преоден глагол во ергативно-апсолутни јазици.

Карактеристики[уреди]

Во вакви јазици, ергативот е најчесто означен, а апсолутивот не е означен. Според новите истражувања од ова поле, се тврди дека ергативот го означува вршителот на дејството на глаголот [1].

Во гренландскиот јазик ергативот се користи да се означи подметот на преодните глаголи и поседувачите на именките.

Несперскиот јазик има троен номинален падежен систем со ергатив (-nim) и акузатив (-ne), плус апсолут, кој не е означен, за непреодни подмети: hipáayna qíiwn ‘стариот човек пристигна’; hipáayna wewúkiye ‘еленот пристигна’; wewúkiyene péexne qíiwnim ‘стариот човек видел елен’.

Шапатинскиот јазик има ергатив (означен со наставката -nɨm) кој е лимитиран за преодни конструкции само кога директниот предмет е во прво или второ лице: iwapáatayaaš łmámanɨm ‘старата жена ми помогна’; paanáy iwapáataya łmáma ‘старата жена му/ѝ помогна' (директен); páwapaataya łmámayin ‘старата жена му/ѝ помогна’ (спротивно).

Покрај овие јазици, ергативот постои и во грузискиот, чеченскиот, кавкаските јазици, мајанските јазици, михе-зокеанските јазици, вагиманскиот јазик, австралиските староседелски јазици, баскискиот јазик, бурушаскиот јазик, хиндискиот јазик, јагнопскиот јазик и тибетскиот јазик.

Наводи[уреди]

  1. Woolford 2004

Поврзано[уреди]