Елфисау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мост на реката Елфисау во Селфос

Елфисау (исландски: Ölfusá) — река во Исланд. Се јавува со слевање на реките Хвитау и Сог, веднаш северно од гратчето Селфос, Долга е 25 км и завршува во Атлантскиот Океан. Ова е најполноводната река во земјата, со просечен истек од 423 м³/с и сливна површина од 5.760 км².

Реката изобилува со лосос, поради што е развиен стопанскиот риболов.

На источниот брег пред вливот во морето е сместен природниот резерват Флоуј.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]