Ексохи

Координати: 40°37.49′N 23°2.34′E / 40.62483° СГШ; 23.03900° ИГД / 40.62483; 23.03900
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ексохи
Ексохи
Поглед на Ексохи (десно) од Свети Илија
Поглед на Ексохи (десно) од Свети Илија
Ексохи is located in Грција
Ексохи
Ексохи
Местоположба во областа
Јалиџик во рамките на Капуџилар-Хортач
Јалиџик
Местоположба на Јалиџик во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°37.49′N 23°2.34′E / 40.62483° СГШ; 23.03900° ИГД / 40.62483; 23.03900
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаКапуџилар-Хортач
Општ. единицаХортач
Надм. вис.&10000000000000470000000470 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.280
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ексохи (грчки: Εξοχή), претходно Санаторион (Σανατόριον) и Фтисијатрио (Φθισιατρείον)[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа источно од Солун, во западното подножје на планината Хортач. Лежи на 4 км југоисточно од Пејзаново под разгранокот Свети Илија.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна тука е изградено лекувалиште (санаториум) за болни од туберкулоза, а потоа постепено прераснало во излетничка и туристичка населба. За првпат се споменува во 1928 г. со 442 лица, претежно пациенти и персонал на болницата.[4]

Со исчезнувањето на туберкулозата, Ексохи пораснало во постојано село поради здравите услови, и во 1953 г. го сменило името во Ексохи (во превод излетиште).[4] На пописот од 1961 г. Санаторион се води одделно од Ексохи, но на подоцнежните пописи тие се споени.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.048 1.373 1.010+557 1.327 959 1.337 1.511 1.280
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 449. ISBN 978-960-86676-6-2.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 339–340. ISBN 9989-9819-6-5.