Европска компирова криза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европска компирова криза

Европска компирова криза е масовен глад кој ја зафатил Северна и Западна Европа кон средината на 1840-тите предизвикана од болест која го напаѓала компирот. Овој период е познат и како гладни четириесетти. Кризата предизвикала прекумерна смртност и страдање во погодените области, а особено биле погодени шкотските висорамнини и, уште пожестоко, Ирска. Многу луѓе гладувале зошто не можеле да дојдат до други основни извори на храна.

Компирите во тоа време[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, истражувачите ги анализирале биолошките збирки во музеите преку техники за секвенцирање на ДНК за да ја декодираат ДНК-та од патогенот во примероците од 1845 година и да ги споредат со современите генетски типови. Резултатите покажале дека „тој сој е различен од сите анализирани современи соеви“.[1]

Депопулација[уреди | уреди извор]

Кризата во Ирска предизвикала еден милион смртни случаи,[2] два милиони бегалци и ја поттикнала депопулацијата на населението која траела еден век. Бројот на смртни случаи поради компировата криза во другите земји изнесува околу 100.000 луѓе. Од нив, најголем дел биле во Белгија и Прусија, при што се проценува дека 40.000-50.000 луѓе починале во Белгија, а Фландрија била особено погодена, и околу 42.000 смртни случаи во Прусија. Другиот дел од смртните случаи бил претежно во Франција, каде што се проценува дека околу 10.000 луѓе починале од глад.

Освен смртта од прегладнатост и болестите настанати од глад, населението страдало и на други начини. Ако демографското влијание на гладот веднаш веднаш се воочува преку смртноста, долгорочниот пад на плодноста и наталитетот, исто така, силно влијаел врз населението. Во Ирска наталитетот се намалил за една третина, а падот во другите земји бил помал: Фландрија имала пад од 20-30%, Холандија околу 10-20%, а Прусија околу 12%.

За да го избегнат гладот, населението од Ирска и од шкотските висорамнини почнало со масовна миграција. Многу мигранти биле потпомогнати од земјопоседници претежно од Северна Америка и Австралија.[3][4] Како последица од ова било создавањето на значителна ирска дијаспора.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Briggs, Helen (21 May 2013). „Irish potato famine pest identified“. BBC News.
  2. Briggs, Helen (21 May 2013). „Irish potato famine pathogen identified“. BBC News. Посетено на 7 July 2018.
  3. Devine, T M (1999). The Scottish Nation: a Modern History (2006. изд.). London: Penguin Books Ltd. ISBN 978-0-7181-9320-1.
  4. Devine, T M (2018). The Scottish Clearances: A History of the Dispossessed, 1600-1900. London: Allen Lane. ISBN 978-0241304105.