Ду Понт Моторс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Автомобил на „Ду Понт“
Внатрешност на автомобил на „Ду Понт“

Ду Понт Моторс (англиски: Du Pont Motors) била фирма основана од Е. Пол ду Понт со цел на производство на бродски мотори за Антантата во Првата Светска војна. По војната, Ду Понт Моторс започнале со производство на висококвалитетни луксузни автомобили.

Финансиите му дозволувале на Е. Пол ду Понт да вработува висококвалитетни конструктори, дизајнери и раководен кадар. Првиот автомобил на Ду Понт, наречен Модел А, бил прикажан во 1919 на Меѓународниот салон во хотелот Комодор во Њујорк (влезот бил исклучиво со покани, бидејќи овој настан бил само за богатите, како и најдобрите произведувачи и каросеристи). Во 1928 г. излегол и Модел G, со 5,3 литарски бочно-вентилски 8-цилиндричен праволиниски мотор со 125 кс.

Помеѓу 1919 и 1931, Ду Понт произвеле само околу 600 втомобили, од кои највеќето денес не се зачувани. Тие се споредувале со луксузни марки како Пакард, Кадилак, па дури и Дизенберг, и биле прочуени по својот квалитет и стил. Меѓу нивната клиентела се вбројуваат и Мери Пикфорд, Даглас Фербенкс, Вил Роџерс и Џек Демпси. Фирмата банкротирала во 1932 и се припоила кон моторциклите Индијан кога Е. Пол ду Понт ја купил фирмата Индијан.

Поврзано[уреди]