Душан Комненовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Душан Стојков Комненовски ( 1927 во Кучевиште, Скопско12 април 1945 во Срем, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Поминал тешко и мачно детство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога во септември 1944 година во Кучевиште се формирала Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистичките банди кои ги ограбувале селата на Скопска Црна Гора. Со Бригадата заминал на Косово, а потоа на Срем. На 12 април во Бригадата учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во една од тие борби храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 77. На |first= му недостасува |last= (help)