Душан Јовески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Душан Јовески
Роден 1920 година
Јагол, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Душан Стојмиров Јовески ( 1920 во Јагол, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ во Јагол, на кој е испишано името на Душан Јовески и неговите соборци од селото.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Во Белград станал член на УРС-овите синдикати, а подоцна ѝ член на СКОЈ. По окупацијата, се вратил во своето родно село каде пројавил голема активност за целите на народно ослободителното движење. Во пролетта 1943 година, бил мобилизиран од италијанските воени власти, успеал да побегне и да се вклучи во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а најпосле заминал на Буковиќ како претстража на слободната територија заедно со својот другар и соселанец, Мито Јовески. Загинал на 1 октомври 1943 година во борба со Германците и балистите.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 70.