Драги Каров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драги Каров
Роден 1956
Свети Николе, СР Македонија
Занимање Претприемач, активист

Драги Каров (1956, Свети Николе, СР Македонија) ― македонски претприемач и активист. Роден во Свети Николе но денес живее во Велес.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1956 година во град Свети Николе, тогаш во СР Македонија. Карев се занимава како претприемач во градот Велес. Драги Каров е еден од првите, кој што со разпаѓањето на Југославија основил комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, и се објавува против присуството на југословенската армија на територијата на Македонија. Во резултат на тоа Каров е обвинет за тероризам осуден за „антијугославска дејност“ на една година затвор заедно со Георги Калаузаров и Гоце Чушков, но после тоа биле брзо ослободувани.[1]

Кога Македонија добила независност Драги Каров беше на страна на ВМРО-ДПМНЕ, но преку времено почна да се ориентира кон СДСМ, почна да организира протести против владата на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.[2]

Во март 2008 година Каров издигнува во неговиот двор во Велес споменик на Тодор Александров, со коешто предизвикува скандал,[3] споменикот беше брзо срушен.[4] Во 2008 бил форсиран да плаѓа илјада евра казна заради прекршување на закони за веење странски знамиња.[5] На 28 февруари 2010 година Каров издигнува споменик во неговиот двор на Иван Михајлов.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каракачанов, Красимир. ВМРО – 110 години борба за българщината, Македония Прес, София, 2004, стр. 246.
  2. ВИДЕО: Драги Каров ги предводи протестите на СДСМ во Велес
  3. Поставена е бистата на Тодор Александров
  4. Во Велес веќе нема споменик на Тодор Александров
  5. Драги Каров е парично казнет за веење на туѓи знамиња
  6. Бюст на Ванчо Михайлов бе поставен в град Велес