Драга Божинова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драга Божинова
Роден 1923 година
Горно Соње, Скопје, Македонија
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Драга Стојанова Божинова ( 1923 во Горно Соње, Скопско13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од работничко семејство. Пред заминувањето во партизани била ученичка во трговското училиште. Во СКОЈ била примена 1943 година, а нешто подоцна била избрана и за член на училишниот комитет на СКОЈ. На 7 септември 1944 година, стапила во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Била распоредена во Вториот баталјон. Секогаш се одликувала со скромност и дисциплинираност. Поради тоа, била мошне почитувана. Се истакнала и како храбар борец. Активно учествувала во сите борби што Бригадата ги водела против Германците и балистите во Скопско. Иако била веќе избрана за санитетски референт, постојано се наоѓала во првите борбени редови и со личен пример придонесувала во подигањето на борбениот морал. Во борбите за ослободувањето на Скопје, зела активно учество и загинала при извлекување на еден ранет борец, од рафалот на германскиот митралез „Шарац". Бил закопана на скопските гробишта во Бутел.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 176. На |first= му недостасува |last= (help)