Драган Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Ангеловски
Роден 1924
Катланово, Скопско
Починал 1945
Банова Јаруга, Хрватска

Драган Спиров Ангеловски ( 1921 во Катланово, Скопско1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — Македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство, како и поголемиот дел од населението. Веднаш по ослободувањето на Македонија, односно на 15 ноември, 1944 година, стапил во инженерскиот баталјон во 42та македонска ударна дивизија.

И тој е еден од многуте Македонци, кои ја делат сличната трагична судбина, со нивното испраќање на Сремскиот фронт. Драган Ангеловски со единицата заминал за Земун и на 12 април, 1945 година и учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбите за ослободување на Банова Јаруга, тешко бил ранет од минофрлачка граната.

Тој бил префрлен во болница, но таму им подлегнал на здобиените рани и починал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 25. На |first= му недостасува |last= (help)