Дон Жуан (Молиер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловна страница на Дон Жуан од 1682 година

Дон Жуан (француски: Dom Juan ou le Festin de pierre) е комедија од Молиер. Со оваа комедија Молиер ѝ задава удар на дворската аристократија. Со оваа комедија им се свети на оние маркизи кои ја употребиле целата своја сила за да го забранат „Тартиф“, и кои не му ја оставале на мир жената со своите додворувања. Им се свети на маркизите кои животот го поминале во разврат и лаги.

Содржина[уреди]

Дон Жуан ја заведува и ја напушта дона Елвира. Тој се смее над прекорите кои таа му ги испраќа, и веднаш потоа смислува нова љубовна авантура. Бидејќи дознал дека двајца млади кои многу се сакаат, се подготуваат за шетање по море, Дон Жуан решава за време на шетањето да ја грабне вереницата од вереникот. Но бура го превртува неговиот чамец, и тој едвај се спасува. Штом излегол на брегот, почнал нова авантура со две селанки.

Еднаш Дон Жуан спасува непознато момче, кое го нападнале разбојници, а момчето потоа м усе претставува како братот на Елвира, Дон Карлос. Тој сака да се освети, но Дон Жуан се преправа како да се кае. Комедијата завршува како и легендата: Дон Жуан тоне заедно со статуата подигната во чест на старецот што го убил.

За ликот Дон Жуан[уреди]

Молиер во јасни потези ги истакнал недостатоците на тогашната аристократија во ликот на Дон Жуан. Дон Жуан го исмева бракот, религијата, законите, не верува ни во небесни ни во човечки вистини. Покрај сите карактеристики кои Дон Жуан ги има според легендата, Молиер му ги додал и карактеристиките на дворската аристократија од времто на Луј XIV: кои под надворешната убавина ја криеле својата морална но и често материјална пропаст. Тоа е карактеристика на Дон Жуан од Молиер: блескав, но празен, со извештачена духовитост и светски манири.

Третата карактеристика на овој лик е земена исто така од тогашната аристократија: презир кон пониските класи. Сепак, во комедијата има интересни монолози на Дон Жуан, со кои се покажува дека колку и да бил тој самиот развратен, околината била уште поразвратна.

Инспирација за делото[уреди]

Инспирација за делото е легендата која се појавила во Шпанија за веселиот развратен Дон Хуан де Тенорио. Тој не се плашел ни од бога ни од луѓето. Ја грабнал ќерката на едно мирно семејство, и го убил старецот кој се обидел да ја спаси. Калуѓерите вознемирени од неговото безбожништов, за да не помине неказнет, го убиле издајнички. За да го скријат злочинот, рашириле глас дека оживеала мраморната статуа, која била крената како споменик за убиениот старец, и го повлекла со себе грешникот во отворената земја.

Во Италија и Шпанија има редица на обработки на оваа легенда.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: