Днестарски Лиман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на Днестарскиот Лиман направена со сателит.

Днестарски Лиман (украински: Дністровський лиман) — лиманот образуван на устието на реката Днестар во Црното Море. Се наоѓа во Украина во Одеската Област. На неговиот западен брег се наоѓа градот Билгород-Днестровски, а на источниот брег се наоѓа градот Овидиопол. Градот Шабо, кој се наоѓа низводно од Билгород-Днестровски, е познат по производството на вино.

Површината на лиманот варира од 360 до 408 квадратни километри, долг е 42,5 км, а максималната ширина му е 12 км. Просечната длабочина изнесува 1,8 м, а најголемата 2,7 м.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]