Дипитренова контрактура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дипитренова контрактура на палецот

Дипитренова контрактура (или "Палмарна фиброматоза") претставува фиксирана флексиона контрактура на шаката, каде прстите се свиткан кон дланката со неможност за целосно да се екстендираат(исправат). Оваа болест името го добила по Baron Guillaume Dupuytren, хирург кој првпат оперирал ваква контрактура.

Дипитреновата контрактура е предизвикана од скратување и стврднување на подкожната-палмарна фасција Најчесто зафатени прсти е малиот и домалиот прст. Средниот прст, показалецот и палецот се многу поретко застастапени и тоа само во понапреднати стадиуми. Прогресијата е бавна и обично е безболна, понекогаш со осетливост на поткожното затегнување. Кај овие пациенти се формира стврднување на поткожното ткиво и обично е во облик на врвка, која го затега зафатениот прст кон дланката. Инциденцијата се зголемува после четириесетите години и тоа повеќе се застапени мажите од жените. над 80 години се зафатени речиси над 30%[1]

Симптоми[уреди]

Почетокот на болеста е постепен, бавен и асимптоматски со стврднување и огрубување на кожата над зафатениот прст. покасно се појавува тврдо испакнување, на кожата формирано од поткожната фасција, кое ги принудува прстите да се свиткаат кон дланката. Со тек на време оваа положба е фиксирана и прстите се во неможност да се исправат. често се зафатени и двете раце, а понекогаш во исто време и стапалата. Во такви случаи прогресијата на болеста е побрза. карактеристично е што кај мажите дипитреновата контрактура се јавува 10-20 години порано од жените.

Ризик фактори[уреди]

Дипитренова контрактура е специфично пореметување за кое се знаат неколку факти во однос на етиологијата :

  • Најчесто ги зафаќа скандинавските земји, Шкотска, Јапонија. Почесто се зафатени и медитеранските земји.
  • Мажи повеќе од жени (10:1)
  • Кај луѓе над 40 години,и се смета дека кај земјите со висока преваленца 3-4% од популациајата има вакво пореметување
  • Кај луѓе со фамилијарна прдиспозиција. се смета дека 16q генот е еден од одговорните за појава на оваа пореметување кај некои фамилии [2]
  • Кај луѓе со цироза на црнниот дроб, дијабетес мелитус, ревматоиден артритис алкохолизам, траума, епилепсија итн. Некои автори сметаат дека оваа болест може да се јави и кај некои луѓе со одредена професија особено кај оние кои многу ги користат шаките.

Третман[уреди]

Дипитреновата контрактура не е сериозно заболување, односно не го загрозува животот на пациентот. Но сепак може значително да го поремети квалитетот на користење на шаката. Поради тоа постојат неколку опции за третман.

Хируршки третман[уреди]

Хируршкиот третман се препорачува во понапреднати случаи и кога функцијата на шаката е значително пореметена. Се состои во отворање на шаката над зафатениот прст, ексцизија на задебелената палмарна апоневроза(фасција). Може да се направи поткожна, парцијална и тотална фасциектомија. Хируршкиот третман не е секогаш куративен, па може да се јави релапс.

Не хируршки третман[уреди]

Тоа е минимална инвазивна процедура која се извршува во ординација и се состои од боцкање со игла точно во задебелената врвка од апоневрозата со цел да се скинат дел од влакната на сврзното ткиво што ја сочинува палмарната апоневроза и да се дозволи на прстот полесно да се исправи.[3]

Се состои во инјектирање на колагеназа(протеаза) која понатаму делува како кај иглената апоневректомија со раскинување на сврзните влакна.[4] Најчесто е ефективна во почетните стадиуми на формирање на сврзното ткиво кога клетките се разможуваат и го формираат задебелувањето.

Познати личности[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.dupuytren-online.info/dupuytren_age_distribution.html
  2. http://www3.interscience.wiley.com/journal/118684060/abstract
  3. Lellouche H (October 2008). „[Dupuytren's contracture: surgery is no longer necessary.]“. „Presse medicale (Paris, France : 1983)“. doi:10.1016/j.lpm.2008.07.012. PMID 18922672. 
  4. Badalamente MA, Hurst LC (2007). „Efficacy and safety of injectable mixed collagenase subtypes in the treatment of Dupuytren's contracture“. „The Journal of hand surgery“ 32 (6): 767–74. doi:10.1016/j.jhsa.2007.04.002. PMID 17606053. 

Надворешни врски[уреди]