Димче Кичевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Кичевски
Роден 1 декември 1950
Бегниште, Кавадаречко, СФРЈ СФР Југославија
Починал 8 август 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање каратист и тренер

Димче Кичевски (Бегниште, Кавадаречко, 1 декември 1950 - Скопје, 8 август 2015) — македонски легендарен каратист и тренер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кичевски е роден на 1 декември 1950 година во кавадаречкото село Бегниште. Тој дури 21 пат беше државен првак на Македонија и двократен првак на СФР Југославија, а во 1980 година стана и балкански првак. Во 1980 година Кичевски го освои бронзениот медал на ЕП во Австрија. Како тренер ги предводел карате клубовите Вардар и Водно, при што освоил шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоиле и европски медали. Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години бил и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Последните години од животот ги поминал во кик-боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судел мечеви од меѓународен карактер. Кичевски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“[1] во 1983 година, признание кое го доделува Град Скопје. До 2013 година работел и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот бил кик-бокс судија. Починал во Скопје на 8 август 2015 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Добитници на награди „13 Ноември". Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2015-08-11.
  2. Почина легендарниот македонски каратист. Архивирано од изворникот на 2015-08-10. Посетено на 2015-08-11.