Детско одморалиште „Титови пионери“ - Николиќ

Координати: 41°15′6″N 22°44′15″E / 41.25167° СГШ; 22.73750° ИГД / 41.25167; 22.73750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Детско одморалиште „Титови пионери“
Воздушен поглед на детското одморалиште
Карта
Општи податоци
Статуснапуштено
Видодморалиште
Градс. Николиќ
ЗемјаМакедонија
Координати41°15′6″N 22°44′15″E / 41.25167° СГШ; 22.73750° ИГД / 41.25167; 22.73750
Надм. височина155 м
Завршена1970-ти
СопственикМинистерство за труд и социјална политика
Технички податоци
Подна површина6.082 м2[1]

Детско одморалиште „Титови пионери“ — детско одморалиште во непосредна близина на селото Николиќ, сместено на северниот брег на Дојранското Езеро, во југоисточниот дел на Македонија.[2]

Одморалиштето се наоѓа во многу лоша состојба, целосно напуштено, обраснато со вегетација, а внатрешноста е целосно руинирана.[3]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Одморалиштето се наоѓа на северниот брег на Дојранското Езеро, пред самото село Николиќ.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата поседува пет посебни единици кои се симетрично поставени, како и заеднички придружни објекти. Самата градба е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција.[2]

Сопственост[уреди | уреди извор]

Според последни достапни информации до 2015 година, објектот бил во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, кога имало обид да се продаде заедно со уште пет други вакви одморалишта.[2]

Во 2022 година, од Општина Дојран изјавувале дека има голем интерес да се инвестира во ова место.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Државата бара инвеститори за некогашните детски одмаралишта“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-04-24.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Детско одмаралиште „Титови пионери", село Николиќ, Дојран – МАРХ“. Посетено на 2024-04-24.
  3. 3,0 3,1 Мицева, Сузана (9 мај 2022). „Детското одморалиште „Титови пионери" во Дојран две децении е запуштено“. Телма. Посетено на 24 април 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]