Десант на Дрвар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десант на Дрвар
Дел од Југославија во Втората светска војна

Поглед на десантот
Датум 25 мај – 6 јуни 1944
Место околу Дрвар, западна Босна, Југославија
Завојувани страни
Оска (и соработници): Сојузници:
Команданти и водачи
Сила
ок. 20.000 германски и хрватски борци ок. 17.000 партизани
Жртви и загуби
  • 789 загинати
  • 929 ранети
  • 51 исчезнати
* 500 загинати
  • 1000 ранети
  • 2000 загинати цивили

Десантот на Дрвар или операција „Коњски скок (германски: Operation Rösselsprung) — операција кај градот Дрвар, БиХ која е изведена утрото (во 5:30 часот) на 25 мај 1944 година, чија цел била да се зароби Јосип Броз Тито. Најпрвин, Германците започнале со бомбардирање, а потоа и со падобрански десант. По спуштањето на падобранците, 20 илјади Германци започнале со напад. Секој Германец имал фотографија од Јосип Броз Тито. За време на нападот, Јосип Броз Тито се наоѓал во пештера во Дрвар, а поради тоа што станувал рано бил буден за време на бомбардирањето. Германците постојано се засилувале, оделе по куќи, прашувале каде се наоѓа Тито. Сите знаеле каде е Тито, но никој не кажувал. Бил даван и отпор од страна на НОВ и населението на Дрвар поради што Германците претрпеле пораз.

Поврзано[уреди | уреди извор]