Дарко Бајиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дарко Бајиќ (Белград, 14 мај 1955 година) е српски режисер, сценарист и продуцент.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дарко Бајиќ дипломирал во 1982 година, со долгометражниот игран филм Директен пренос. Тој бил првиот студент да дипломира со долгометражен игран филм.

Ова достигнување ќе биде наградувано многупати: специјална награда од жирито за дебитантски режисер на Филмскиот фестивал во Пула, Златна порта на Пула за најдобра продукција и десетина награди на други фестивали во Југославија, додека филмот освои три официјални награди на меѓународниот филмски фестивал во Манхајм.

Бајиќ особено се прославил кога ја режирал ТВ серијата „Сив дом“ (1984 - 1985 ). Серијата станала исклучително позната низ поранешна СФРЈ, а беше „отскочна штица“ за тогашните млади глумци како Зоран Цвијановиќ, Бранислав Лечиќ, Мима Караџиќ, Дубравко Јовановиќ, Никола Којо и Мирјана Јоковиќ.

Често соработувал со Бранислав Лечиќ, Драган Бјелогрлиќ и Лазар Ристовски.

Што се однесува до работата во театарот, Бајиќ во театарот Звездара режирал четири претстави: „Мала“, „Живот Јованов“, „Брод Љубави“, „Осама-Касаба во Њујорк “.

Неговиот татко бил сликарот Милош Бајиќ.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Год. Назив
1981 Трага
1982 Директен пренос
1984 - 1985 Сив дом
1988 Заборавени
1990 Заборавени
1990 Почетен удар
1992 Црн бомбардер
1997 Балкански правила
2000 Војна во живо
2004 Цимерки
2008 Запрете го времето
2008 На убавиот син Дунав
2011 О Гринго
2015 Ќе бидеме светски шампиони
2016 Светски шапиони
2019 Линија на животот
2020 Името на народот
- // - Сибир (филм) (во подготовка)

 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ličnost nedelje/ Darko Bajić“. Vesti online. Архивирано од изворникот на 23. 01. 2018. Посетено на 23. 1. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]