Далила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самсон и Далила на сликата на Јакоп Тинторето (1518-1594)

Далила, синодален превод Далида (хебрејски: דלילה околу XII век пр . н.е.) — во Стариот завет, жената која го предала Самсон. Повикувајќи се на Самсоновата љубов, таа ја открила тајната на херојската сила на Самсон и им го предала на неговите најголеми непријатели — Филистејците (Суд. 16:4–21).

Библиска приказна[уреди | уреди извор]

Приказната за Далила е содржана во старозаветната Книга Судии Израилеви, каде што таа е опишана како саканата на Самсон: „Потоа тој засака една, која живееше во долината на Сорек; името и беш Далила“ (Суд. 16:4). Библијата кажува дека Филистејците ѝ понудиле пари на Далила за таа со лукавство, користејќи ја љубовта на Самсон, да ја дознае тајната на неговата сила: „Дојдоа кај неа филистејските кнезови и ѝ рекоа: „Запрашај го и дознај во што му е големата сила, и како да го надмудриме, за да го врземе и да го смириме; ние пак ќе ти дадеме за тоа секој по илјада и сто сикли сребро.““ (Суд. 16:5). Далила го прашала Самсон трипати за неговата тајна, но секој пат тој ѝ давал фиктивни одговори (да се врзе со седум тетиви; нови јажиња што не биле во употреба; седум плетенки од неговата глава во ткаенината).

Користејќи го својот женски шарм, Далила сепак успеала да ја открие неговата тајна:

И Далида тогаш му рече: „Зошто зборуваш „те сакам“, а срцето твое не е со мене? Ете, ме измами трипати и не ми кажа, во што е твојата голема сила.“

И бидејќи таа го вознемируваше со зборовите свои секој ден и го мечеше, душата негова му се натажи до смрт.

И тој ѝ го откри целото свое срце, велејќи ѝ: „Бербер не се допрел до главата моја, зашто јас сум назореј Божји од мајчината си утроба: ако ме истриже некој, ќе ме напушти силата моја; јас ќе ослабам и ќе бидам како другите луѓе.“

(Суд. 16:15–17)

Во културата[уреди | уреди извор]

Франческо Мороне. Самсон и Далила, 1500-1510 година
Рембрант. „Ослепувањето на Самсон“, 1636 година
Соломон Соломон. Самсон и Далила, 1887 година

Во музиката[уреди | уреди извор]

  • Опера од Сен-Санс
  • Песна на Том Џонс
  • Kiss објави песна наречена „Modern Day Delilah“ на нивниот албум Sonic Boom од 2009 година.
  • Групата NAADYA објави песна наречена „Далила“ од албумот „NAADYA“ од 2014 година.
  • The Cranberries ја објавија песната „Delilah“ на нивниот албум „Bury the Hatchet“ од 1999 година.
  • Уметникот Ван Стивенсон ја издаде песната „Modern Day Delilah“ како дел од албумот „Righteous Anger“ од 1984 година.
  • Florence and the Machine ја снимија песната „Далила“ за албумот од 2015 година „How Big, How Blue, How Beautiful “.

Во книжевноста[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Во астрономијата[уреди | уреди извор]

Астероидот (560) Далила, откриен во 1905 година од германскиот астроном Макс Волф, е именуван во чест на Далила.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]